Економија 07.09.2018 17:16

Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД

Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД

Осум организации денеска ќе добијат едногодишни грантови преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем за деловна поддршка.

Целта на грантовите е подобрување на постоечки и развивање на нови деловни услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Македонија.

Грантовите ќе бидат доделени на Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопански комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија.

Дел од услугите за поддршка на ММСП кои ќе се развиваат преку грантовите се обука и развој на работна сила во повеќе сектори, помош во пристапување до финансии, поддршка за поврзување со странски пазари, експерти за за оптимизација на производството, како и многу други.

Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП).  Работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Проектот исто така работи со финансиски институции на зголемување на финансирањето достапно за ММСП.