Мозаик 03.08.2018 16:00

Египет наскоро го пушта во употреба најголемиот соларен парк во светот

Египет наскоро го пушта во употреба најголемиот соларен парк во светот

9Kомплексот Benban, којшто се гради во египетската западна пустина на 400 километри јужно од главниот град Каиро ќе биде најголемиот соларен парк во светот и ќе се отвори следната година, пишува Inhabitat.

Соларните централи на комплексот ќе бидат оперирани од 4.000 работници и ќе генерираат околу 1,8 гигават електрична енергија, што пак ќе обезбеди енергија за стотици илјади домаќинства, но и деловни субјекти.

Проектот е вреден 2,8 милијарди долари и покрива најмалку 42% од енергијата на земјата од обновливи извори до 2025 година.
Светската здравствена организација неодамна го позиционираше Каиро на второто место на листата најзагадени големи градови на светот.