Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 8.000.000.000 денари или 130 милиони евра утре на 05.03.2019 година. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија е објавена аукција на државни хартии од вредност во износ од огромни 130 милиони евра. Ова не е прв пат Владата да се задолжува во 2019 година додека долгот континуирано расте.
Критичарите велат дека Владата воопшто не ја носи земјата во правилна насока во економска смисла а тоа го покажуваат и последните податоци од Министерството за финансии во извештајот за извршување на буџетот каде за почетокот на годината капиталните инвестиции се на рекордно ниско ниво од само 1,09 %. Ова се спротивни резултати од тоа што Владата тврдеше велат економистите за изјавите на економскиот тим дека 2019 година ќе биде економска година и дека ќе се случи економски и градежен бум. Бројките според нив го покажуваат сосема спротивното што воопшто не е добро за целокупната економска состојба во земјата.
Исто така и јавниот долг континуирано расте додека стратешки проекти кои се битни за долгорочен развој на државата изостануваат што според експертите е опасно по и онака кревката македонска економија.
Инаку, Владата пред да дојде на власт беше голем критичар на задолжувањата и на зголемување на јавниот долг.