Актуелно 04.02.2021 13:28

„Економист“ предвидува- Македонија ќе почне вакцинација против КОВИД-19 во доцните месеци во 2022

„Економист“ предвидува- Македонија ќе почне вакцинација против КОВИД-19 во доцните месеци во 2022

Дали неспособноста на министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот, Зоран Заев ја потврди и лондонскиот „Економист“?

Според објавената мапа на „Економист“ може да се види дека Македонија е во портокалова зона и дека вакцинацијата против КОВИД-19 ќе започне за жал доста доцна, дури се предвидува во доцните месеци во 2022 година или на самиот почеток на 2023-тата година.

Далеку од вистина лондонскиот „Економист“ не е, бидејќи во Македонија се уште вакцини против КОВИД-19 нема, а секој ден граѓаните слушаат како во јануари, февруари, март.

Граѓаните стануваат се пореволтирани и погневни, бидејќи не можат и тие како останите граѓани од другите земји да се  вакцинираат против КОВИД-19, за да се заштитат од овој смртоносен вирус.

„Имате три илјади мртви од КОВИД, секој нов ден умираат по дваесетина, немате набавено ниту една вакцина и уште пребирате, нејќеме руски, нејќеме српски вакцини! Какви сакате бе? „Фајзер“? Е па нема „Фајзер“. ЕУ ви го начука ко што заслужуваат сервилни говеда ко вас. Февруари ќе набавеле 800 илјади. Уште ретардирани веруваат на вашите лаги. И место да се растрчате по светов за вакцини, да ја запрете епидемијата, зашто народ умира, вие шупаци, вода у очи што немате, седнавте и воведовте санкции на факинг Никарагва, која за нас е Шведска и ја заболе за вашите санкции. А, бе нема таков психијатар што може дијагноза да ви даде, а не да ве лечи“, вчера напиша на социјалните мрежи актерот Сашо Тасевски критикувајќи ја власта како не може да обезбеди вакцини.

„Континуирано не убедуваат дека некакви разговори за набавка на вакцини се во завршна фаза, а поради неспособноста на Заев и Филипче, за жал, во завршна фаза се животите на луѓето во Македонија. Броиме 3.000 лица починати од КОВИД-19, бевме најлоши по начинот на кои се справуваме со кризата уште од самиот почеток, а сега сме последна држава во која нема вакцини“, вели вчера во прес конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Додека се апелира до власта да побрзаат со набавување на вакцини, тие секојдневно излегуваат по медиуми и велат наскоро ќе започне вакцинацијата против КОВИД-19.

„Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат кинеските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, кажа вчера во изјава за медиуми министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.