Економија 29.08.2018 13:32

Eкономисти очекуваат порастот на германската економија да достигне максимум

Eкономисти очекуваат порастот на германската економија да достигне максимум

Бизнис климата во Германија се подобри во август повеќе отколку што првично се очекуваше. Ова е јасно од податоците на Институтот „Ifo“, цитирани од „tradingeconomics.com“.

Индексот на бизнис климата во најголемата економија во Европа се зголеми за 2,1 процентни поени во однос на месец порано до 103,8 поени во август, на тој начин се покажа над консензус прогнозата на пазарот за резултат од 101,9 поени.

Под-индексот за мерење на идните деловни очекувања се зголеми за 3 поени на 101,2 поени. Во однос на тековните бизнис услови исто така се забележува подобрување со 1 поен до 106,4 поени.

Последните податоци ги потврдуваат резултатите од друго истражување од средината на август, кога стана јасно дека ставовите на германските инвеститори за состојбата на најголемата европска економија во наредните месеци се подобруваат нагло во август. Тоа се случи откако беше постигнат прелиминарен договор меѓу Доналд Трамп и Жан-Клод Јункер што доведе до слабеење на стравувањата поврзани со ескалацијата на „трговската војна“ во светски план или барем во нејзиниот дел кој ја погодува Европа. Истражувањето беше спроведено од Центар за европски економски студии со седиште во Минхен.

Индексот на истражувачкиот институт „Zew“ со седиште во Минхен, мерењето на идните економски очекувања во Германија за следните шест месеци, скокна во август со цели 11 поени до -13,7 поени од 6-годишниот минимум во јули од -24,7 поени (најниско ниво од август 2012-та година). Просечните очекувања на финансиските пазари беа за доста скромно подобрување до -20,7 поени.

Многу економисти очекуваат порастот на германската економија да достигне максимум. Голем број експерти и институти неодамна ги намалија своите предвидувања за растот и очекуваат економска експанзија од малку над 2% во Германија во оваа година, по 2,2% во 2017-та година. Градежниот сектор сепак продолжуваат да се справуваат добро. Цврстата индустрија започна во вториот квартал со силен раст на приходите. Во април приходите од градежната индустрија се со 9,8% повисоки од пред една година, покажуваат податоците на Федералната статистичка служба.