Банкарство 21.07.2018 21:06

Економистите очекуваат од Европската централна банка да ги зголеми каматите

Економистите очекуваат од Европската централна банка да ги зголеми каматите

Гувернерот на Европската централна банка Марио Драги ќе ги зголеми каматите, пред неговиот мандат да истече следната година. Ова е јасно од анкетата на „Bloomberg“ меѓу економистите.

Поголемиот дел од анкетираните очекуваат покачување на каматите во септември 2019-та година – месец пред Драги да ја напушти централната банка. Мислењето се поддржува и од тоа дека банкарите од централната банка дадоа сигнал дека каматните стапки ќе останат на рекордно ниско ниво најмалку за период кој го вклучува и летото од 2019-та година.

Како се исклучи сериозна ескалација на тензиите во трговијата или влошување на перспективите, купувањата на средства по секоја веројатност ќе завршат во оваа година, како што беше најавено. Економистите не очекуваат ажурирање на монетарната политика до март.

Пред комисијата за економски прашања на Европскиот парламент минатата недела Драги ја потврди довербата кон одржливиот раст на инфлацијата. Тој, исто така истакна дека поддршката од страна на монетарната политика ќе остане значаен дури при запирањето на купувањата на обврзници.

Економистите предвидуваат дека „ЕЦБ“ ќе ја зголеми депозитна камата до -0,2% од -0,4% до септември следната година. Зголемувањето на каматната стапка по главните операции за рефинансирање (кој во моментов е нула) најверојатно ќе биде направено до декември 2019-та година – по повлекувањето на Драги. Во претходните прогнози и за двата показатели очекувањата беа повисоката камата да се види во вториот квартал од следната година.

Проширувањето на глобалниот трговски конфликт е најголем ризик за економијата во еврозоната, покажува истражувањето. Пиет Кристијансен, економист во „Danske Bank“, објаснува дека показателите за доверба се следат внимателно при секоја реакција во темата трговијата од страна на САД и нивните партнери.

Централните банкари сепак не еднаш посветувале внимание на силата на домашната економија, откако јасно се гледа дека бизнисот се опоравува по слабиот старт на годината. Порастот на нарачките за фабриките во најголемата економија во регионот, пак, е сигнал за најдобри перспективи.

Во моментов „тешко е да даде силен аргумент за повисоки камати“, рече Алан МакКаид од „Merrion Capital“. Според него нема да е големо изненадување и ако Драги го заврши осумгодишниот мандат како гувернер на „ЕЦБ“ на 31-ви октомври 2019-та година без да ги зголеми каматните стапки.

Следниот состанок на „ЕЦБ“ за монетарната политика е на 26-та јули, а за пазарниот интерес претставуваат и насоките кои ќе им ги даде Драги.