Повеќе од три децении, политичарите се фалат дека и помагаат на македонската економија, но од тоа нема ништо-ова е ставот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески кој ова тврдење го поткрепува со моменталната состојба во која се наоѓа стопанството.
„Развоен буџет немаме видено од 1992 година, секоја дискусија е излишна. – Азески.
За најавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе биде „прочешлана“ секоја исплата на финансиска помош во приватниот сектор во период на ковид пандемијата, Азески додава дека не треба да има толеранција за секаков вид на криминал и корупцијата.
„Континуитетот на правната проблематика и правните прашања за време на владеењето на една власт треба да продолжи. Дали ќе се злоупотреби, тоа е друго прашање и за тоа треба да постојат инстируции кои истото ќе го санкционираат. Ставот на Стопанската комора, во однос на криминалот, корупцијата и иаа економија, е толеранција нула.“ – рече Азески.
Универзитетскиот професор, Ванчо Узунов, во гостување на ТВ 24 вели дека потребна е огромна контрола на трошењето на парите кои ќе бидат земени во вид на кредит од Унгарија, а кои се најавуваат дека дел ќе завршат и кај малите и средни компании. Професорот потенцира постои опасност, значителна сума да биде потрешена за предизборен популизам догодина пред локалните избори.
„Компаниите ќе ги земат парите, ако не ги употребат за тоа, ќе ги враќаат парите? Повторно ќе ги враќаат граѓаните. Не е задач на Владата д го прави тоа. Скриена работа е за што ќе се даваат парите, не се тие туку се разни предизборни ветувања. Втората половина од парите е за проекти во општините. Не можеме да бидеме до крај сигурни и двата елемента кои се споменуваат, потребата за пари за компаниите и потребата за подобрување на одредени делови кои што на општините им недостасуваат се легитимни. Легитимитет ова го доби со изборите. На изборите излегоа гласачите и си кажаа. Се’ ова им беше кажано пред изборите. – вели Узунов.
Претходно, министерската за финансии Гордана Димитриеса Кочоска најави д бизнисот ќе добие поддршката од 250 милиони евра и ќе добијат фирми кои вистински ќе инвестираат, кредитите ќе се даваат под одредени критериуми, за да престане досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.