Актуелно 19.09.2018 14:44

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО) Шилегов плочките од градот си ги ставил во вилата на Маврово?

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО) Шилегов плочките од градот си ги ставил во вилата на Маврово?

,,Лидер” направи екслузивни  фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа  дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нас, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица  Македонија.

На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради  Скопје тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендица.

Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт сеуште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели. Сега гледаме зошто таткото на градот  нема време за  Скопје и градските пробелеми.