Репродуктивен центар на елени, изградба на арборетум, подобро управување со пасиштата и зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица, се дел од активностите кои НП Галичица и Друштвото за проучување и заштита на биодиверзитетот и одржлив развој на природните екосистеми (БИОЕКО) Скопје, почна да ги спроведува во рамки на проектот „Подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје Национален парк Галичица“, вреден 340 илјади евра, а финансиран од ЕУ.
Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот ќе трае 12 месеци.