Актуелно 01.03.2019 12:43

Епидемијата со морбили излегува од контрола!

Епидемијата со морбили излегува од контрола!

Епидемијата со морбили во Македонија нема да запре туку ќе продолжи до крајот на годината. Затоа потврдува г. Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје Не сме ни блиску до запирање на епидемијата на морбили, со оглед на бројот на заболени од ова заразно заболување, но и како овој вирус брзо се пренесува – изјави Микиќ.

Епидемија од мали сипаници од вчера е прогласена и во Куманово, а пред 10 дена и во Тетово. Во врска со тоа дали ќе биде прогласена епидемија на морбили во целата земја, д-р Микиќ појаснува дека зголемен број заболени има во 12 општини. – Има локално ширење на бројот на заболени од морбили, а ќе се процени дали епидемија да се прогласи на територија на целата земја, ја следиме состојбата. Во однос на мерките, епидемија нема да промени ништо, остануваат препораките. Проблем е што имаме релативно голем број невакцинирани деца, и вон Скопје, а имаме и висок број на заразени од морбили, само во главниот град се повеќе од 300. Затоа приоритет е вакцинација на децата до 4 години – вели д-р Микиќ.

Според ИЈЗ, од почетокот на епидемијата во Скопје, заклучно со 22. февруари регистрирани се вкупно 311 случаи на мали сипаници. Од вкупниот број на заболени, 148 (57,1 отсто) се на возраст до 4 години, а 91 лице (29,2 отсто) на возраст над 30 години. Според вакциналниот статус, 232 или 74 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 64 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Со овој податок се укажува дека антивакциналната кампања во Македонија зема голем размер. Во еден период ја водеше СДСМ кога беше опозиција обвинувајќи дека нема квалитетни вакцини, со што се зголеми стравот кај родителите и кај населението, со што одлучија да не се вакцинираат ниту тие, ниту нивните деца. Венко Филипче наместо кампања за вакцина, ја претвори во антивакцинална кампања. Отвори повторно многу дилеми кај родителите со тоа што во јавноста пласираше информации дека вакцините се добри, но не се во ред декларациите, па потоа дека ќе се уништуваат вакцините со тие декларации, а нема информација ниту што се случува со овие вакцини со погрешни декларации.

Поради ваквите дезинформации кои ги пласираше СДСМ уште во време кога беше опозиција и со овој скандал за вакцините со погрешни декларации само се зголеми повеќе стравот и придонесе епидемијата да трае година дена.