Живот 12.02.2021 11:28

Естрадата во тага: Почина Ице Атанасовски

Естрадата во тага: Почина Ице Атанасовски

Македонскиот саксафонист и мајстор на дувачки инструменти, Ице Атанасовски, почина од последици на Ковид-19.

Тажната вест ја потврди и неговиот колега Илија Ампевски.

– Жално е колку луѓе нѐ напуштаат прерано. Ице беше еден од моите најдобри пријатели и колеги. Жал ми е многу денес. Верувам, Бог ти подготви место во неговото царство, друже – вели Ампе.

Атанасовски е роден 1978 година во Битола и е поранешен член на групата „Модус“.