Банкарство 12.02.2024 10:35

ЕЦБ најверојатно ќе ги намали каматните стапки оваа година, неизвесно во кој месец

ЕЦБ најверојатно ќе ги намали каматните стапки оваа година, неизвесно во кој месец

Европската централна банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки во 2024 година, откако темпото на раст на цените ќе се забави на два отсто до следната година, изјави гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилерој де Галхау.

„Веројатно ќе ги намалиме стапките оваа година бидејќи правиме напредок во борбата против инфлацијата“, рече Вилерој на телевизија LCI во петокот, додавајќи дека излегувањето од вонредната состојба за борба против инфлацијата е во тек и дека тие се на прав пат за „победа на таа болест“ пренесува Bloomberg.

Пазарите се обложуваат на првично намалување во април, иако повеќето креатори на монетарната политика се чини дека го фаворизираат јуни. Вилерој претходно изјави дека не е исклучен датумот и дека се е можно на претстојните состаноци – во зависност од податоците.

Говорејќи претходно во петокот, неговиот латвиски колега Мартинс Казакс рече дека надежите на инвеститорите за монетарно олеснување на еден од следните два состаноци би можеле да бидат премногу агресивни.

„Во моментов има очекувања дека стапките би можеле да се намалат напролет, во март или април, но не сум толку оптимист“, рече Казакс, нагласувајќи дека ќе почека да заврши „приказната за инфлацијата“, а потоа стапките ќе се намалат, може да се намалуваат чекор по чекор.

Виерој, исто така, рече дека францускиот економски раст „постепено ќе се забрза“ во наредните месеци бидејќи инфлацијата паѓа под просечната стапка на раст на платите. Банката на Франција очекува да избегне рецесија, со експанзија од околу 0,9 отсто оваа година.