Банкарство 12.09.2024 11:22

ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка

ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка

Во услови на намалување на обемот на производството и пад на потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто, се очекува денеска Европската централна банка (ЕЦБ) да донесе одлука за намалување на основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 отсто.

Ваквата одлука би била образложена со ставот дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата на два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година.

Очекувањата за намалување на основната камата за 0,25 процентни поени доаѓа по најавата на германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ за затворање на погони во Германија, која се соочува со втора последователна година на рецесија, како и по прогнозата на француската статистичка агенција ИНСЕЕ за пад на БДП на Франција за 0,1 отсто во четвртиот овогодишен квартал.

длу за намалување на каматните стапки се очекува да биде придружена со предупредувања дека инфлацијата се уште не е целосно под контрола и дека таа нема да се сведе до поставената двопроцентна цел до крајот на следната година.

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години.

Во прилог на намалување на каматите одат и податоците за закрепнување на пазарот на домување во Еврозоната со побрзо темпо од очекуваното, на што укажува и растот на обемот на хипотекарните кредити, кој во јули достигна 71 милијарди евра.