Живот 25.10.2024 09:47

ЕУ го казни Линкедин со 310 милиони евра

ЕУ го казни Линкедин со 310 милиони евра

Регулаторните органи на ЕУ изрекоа казна од 310 милиони евра на веб-страницата „Линкедин“ поради прекршување на строгите правила за приватност на податоците.

Регулаторните органи на ЕУ изрекоа казна од 310 милиони евра на веб-страницата „Линкедин“ поради прекршување на строгите правила за приватност на податоците.

Ирската комисија за заштита на податоците ја прекори социјалната мрежа на Мајкрософт за професионалци поради приговорите за легалната, правична и транспарентна обработка на личните податоци за рекламни цели.

Агенцијата со седиште во Даблин е задолжена за регулирање на прашањата за приватност на веб-страницата „Линкедин“ на ниво на ЕУ, бидејќи тука се наоѓа европскиот центар на компанијата.

Надзорниот орган рече дека спровел истрага која открила дека LinkedIn нема правна основа за собирање податоци за таргетирање на корисници со онлајн реклами, што претставува прекршување на правилата за приватност на ЕУ.

„Обработката на лични податоци без соодветна правна основа е јасно и сериозно кршење на правата за заштита на податоците во ЕУ“, изјави заменик-комесарот за корпоративни прашања на ЕУ, Греам Дајл.

Најнови вести