Економија 18.09.2023 10:56

ЕУ може да биде зависна на кинеските батерии како што беше на руската енергија

ЕУ може да биде зависна на кинеските батерии како што беше на руската енергија

До 2030 година, Европската унија би можела да стане зависна од Кина за литиум-јонски батерии и горивни ќелии како што беше зависна од Русија за енергија пред војната во Украина, освен ако не преземе силни мерки, се вели во документот подготвен за лидерите на ЕУ. Документот, до кој дојдоа новинарите на Ројтерс, ќе ја формира основата на дискусиите за европската економска безбедност за време на состанокот на лидерите на ЕУ во Гранада, Шпанија на 5 октомври.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Загрижени од растечката глобална самоувереност и економска тежина на Кина, лидерите на ЕУ ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за намалување на ризикот Европа да стане премногу зависна од Кина и потребата да се диверзифицира кон Африка и Латинска Америка. Во него се вели дека поради природата на обновливите извори на енергија како што се сончевата енергија или ветерот, на Европа ќе и требаат начини за складирање на енергија за да ја постигне својата цел за нето нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година, објави Кликс.ба.

„Ова драматично ќе ја зголеми нашата побарувачка за литиум-јонски батерии, горивни ќелии и електролизери, што се очекува да се зголеми меѓу 10 и 30 пати во наредните години“, се вели во документот подготвен од шпанското претседателство со ЕУ. Иако ЕУ има силна позиција во средните и фазите на склопување на производството на електролизери, со повеќе од 50 отсто од уделот на глобалниот пазар, таа во голема мера се потпира на Кина за горивни ќелии и литиум-јонски батерии кои се клучни за електричните возила. Без спроведување на силни мерки, до 2030 година европскиот енергетски екосистем би можел да има зависност од Кина од различна природа, но со слична сериозност, од онаа што ја имаше од Русија пред инвазијата на Украина“, се наведува во документот.