Живот 08.05.2018 10:26

„Еуроимпекс“ во хуманитарна акција во соработка со DFCCA (Drive for Colon Cancer Awareness)

„Еуроимпекс“ во хуманитарна акција во соработка со DFCCA (Drive for Colon Cancer Awareness)

Во организација на институцијата DFCCA, компанијата „Еуроимпекс“ учествуваше во уште еден хуманитарен настан.

Настанот беше сочинет од возно дефиле со парола за „Неопходноста за превенција од канцер на дебелото црево“, кое истовремено се случува низ 100 градови во светот, а низ 13 градови во Македонија.

Возното дефиле во Скопје се одржа на 6.5.2018 во 11:30 по веќе предвидена рута. Возачите, кои беа вкупно 50 на број, меѓу кои „Еуроимпек“ настапи со новиот SUV Peugeot 5008 GTi, тргнуваа од ПСС (Зајчев Рид) и возеа до ресторан „Белви“, а потоа возилата се упатија кон Картинг-центарот близу арената „Борис Трајковски“ каде што фицијално почна настанот.

Компанијата „Еуроимпекс“ покрај поддршката во возното дефиле, пружи и одредени сервисни бенифиции за донаторите на овој хуманитарен настан.

„Еуроимпекс“, која е веќе 28 години на пазарот во Македонија како генерален увозник на 11 брендови и генерален увозник за „Пежо“ во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, при секоја можност дава своја поддршка за хуманитарни настани и има општествено одговорни цели како надвор така и внатре во компанијата за поддршка на својот работен кадар, кој во моментот брои 80 лица.