Економија 19.09.2023 10:41

„ЕУРОВИА“ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ТЕНДЕР ОД МИЛИОН ЕВРА Ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново

„ЕУРОВИА“ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ТЕНДЕР ОД МИЛИОН ЕВРА Ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново

Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Еуровиа“ од Желино за повеќе од 1 милион евра ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново. Министерството за животна средина и просторно планирање ја избра оваа компанија на тендерот на кој се бараше најниска понуда.

Вредноста на договорот е 63.888.215 денари или 1.038.833 евра.

На тендерот учествувале уште две компании „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но работата ја доби познатиот донатор на ДУИ.

Според она што е објавено на поратлот е-набавки, на тендерот највисокатаа добиена понуда била 65.906.067 денари, а најниската понуда изнесувала 55.142.554 денари.

„Еуровиа“ во последен период добива најголем дел од тендерите кои ги распишуваат институциите.