Живот 12.06.2018 16:25

Еве како да го привлечете се она што го посакувате во животот

Еве како да го привлечете се она што го посакувате во животот

Не може да промените ништо се додека не ја прифатите во целост точката под број 1!

1. Почнете да се грижите за себе
Станете малку себични. Да, колку и иронично да ви звучи, но кога се грижите за себе, кога сте одговорни за своето време, простор и вашиот живот, вие повеќе можете и сте способни да им дадете на другите.
„Ако сакате повеќе клиенти, беспрекорно добро грижете се за првиот.“

2. Бидете присутни
Веднаш одговорете на телефонските повици, одговарајте на прашањата во целост, одвојте време за другите, промислено и креативно посветите се на работите во целост.

3. Додадете вредност на нештата само заради ваша лична забава
Направете нешто повеќе, дадете повеќе, направете повеќе од она за кое сте платени.
Давајте им значење на луѓето кои навистина го сакаат тоа и знаат како да го почитуваат.

4. Бесрамно пласирање на вашите таленти
Забавувајте се и бидете горди на она што сте, на она што го работите, кажете им на сите, нормално без да бидете напорни фалбаџии. Ако не сте горди и среќни на она што го работите и ако тоа не ве исполнува и возбудува, тогаш правете нешто друго.

5. Влијаете врз другите
Поврзете се со луѓето, распрашувајте се, одговарајте, бидете досетливи, допадливи, излезете од вашата комфорт зона. Направете се што е потребно и влијаете врз луѓето околу вас.

6. Не одложувајте
Размислувајте за се, внимателно планирајте, но на крајот, делувајте!
Не го трошете залудно вашето време.

7. Успехот е во деталите
Внимавајте на малите нешта, тие ја прават големата слика.

8. Не толерирајте
Нема потреба да толерирате се и секого. Ослободете се од сите нешта кои ви создаваат фрустрации, непријатност… Смислете убаво на кој начин ќе се изборите со ова, за да немате повторно такви проблеми во иднина.

9. Концентрирајте се на вашите вредности
Кога сте свесни за своите вредности, вие станувате неверојатно полни со енергија, мирни, успешни и атрактивни.

10. Секогаш надоградувајте го вашиот карактер
Освен на вашата работа, вие треба да посветите внимание и да бидете исполнети од вашиот личен идентитет. Бидете задоволни од самите себе и вашиот карактер. Вие сте единствена, надарена, комплексна и незаборавна личност, такви сте предодредени уште од вашето раѓање.