Актуелно 01.12.2023 08:21

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

Од денес стартува евтината тарифа на струјата и доколку сакате да дознаете дали кај вас е активна евтината тарифа, тоа најлесно може да го сторите ако на екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа).Оваа ознака значи дека сте меѓу првите „привилегирани“ да добиете евтина тарифа, бидејќи од близу 650 илјади броила, срени ќе бидат само 170 илјади корисници, бидејќи тие имаат нови струјомери на далечинска комуникација па веднаш се сетирани. Останатите имаат обични броила кои мора да бидат сетирани рачно и на самото место. Евтината тарифа беше укината во јануари 2022 година, заради високата цена на струјата. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто. Граѓаните и понатаму ќе користат евтина струја во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

()