Живот 10.12.2018 23:28

Еве кои лоши навики ги „убиваат” бубрезите

Еве кои лоши навики ги „убиваат” бубрезите

Докажано е дека кај старите здравје на бубрезите е од витално значење за здравјето на коските, бидејќи бубрезите ги филтрираат токсините, поради кои коските, како што старееме, заслабнуваат.

Но, освен здравјето на коските во подоцнежното животно доба, бубрезите се клучни за целокупното здравје на луѓето.

Не ја сфаќајте грижита за здравјето на бубрезите лесно. Тие се меѓу најважните органи во човечкиот организам. А некои од секојдневните навики, кои ни се чинат целосно банални, можат да му наштетат на нашето здравје.

1. Не го празните мочниот меур на време

Некогаш ви се случува едноставно да морате да бидете трпеливи, пред да ги извршите физиолошките потреби, но тоа не е добро да се прави долго и често. Ако тоа го правите секој ден, секако престанете да трпите, бидејќи тоа му штети на здравјето на вашите бубрези.

2. Не пиете доволно вода

Вашите бубрези, како и другите органи, имаат потреба од доволно вода. Недостатокот на вода може да доведе до слаб проток на крвта во бубрезите, пто ќе оневозможи на бубрезите да ги исфрлат штетните материи преку урината.

3. Јадете премногу сол

Консумирањето премногу сол, може да му наштети на целиот организам, а не само на бубрезите. Меѓутоа, токму поради тоа што најголемата количина сол оди во бубрезите, се случува тие да бидат најизложени од таа нездрава навика. Премногу сол во телото ја зголемува активноста на бубрезите што може да доведе до дехидрација и недостаток на вода во телото, која е неопходна за правилно функционирање на целиот организам.

4. Премногу протеини

Протеините се неопходни за нашиот организам. Оние кои се активно се занимаваат со спорт, кои активно работат на зголемување на мускулната маса, се особено запознаени со тоа. Сепак, со претерувањето со протеини негативно ќе влијае на здравјето на бубрезите.

5. Премногу алкохол и цигари

Алкохолот и цигарите немаат корист за здравјето на луѓето. Како што му штетат на целиот организам, им штетат и на бубрезите. Можат да доведат до слаб проток на крвта во бубрезите, што може да го блокира исфрлањето на токсини – за што се задолжени бубрезите.

6. Премногу кофеин

Иако здравјето има одредена корист од кофеинот, тој треба да се ограничи со внесување на максимум 3 кафиња на ден за да се задржи здравјето на бубрезите.