Економија 24.08.2023 11:04

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ИМААТ НАЈГОЛЕМ ДОЛГ: Цела еврозона должи 91,6 отсто од БДП

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ИМААТ НАЈГОЛЕМ ДОЛГ: Цела еврозона должи 91,6 отсто од БДП

олгот на еврозоната во четвртиот квартал од 2022 година изнесува 91,6 отсто од нејзиниот БДП, што е за 1,4 отсто помалку од крајот на третиот квартал, објави Евростат.

Во споредба со четвртиот квартал од 2021 година, долгот на ЕУ падна за четири отсто.

Во четвртиот квартал од 2022 година, највисок национален долг во земјите на ЕУ е забележан во Грција, каде што изнесува 171,3 отсто од БДП на земјата, потоа Италија (144,4 отсто), Португалија (113,9 отсто), Шпанија (113,2 отсто), Франција (111,6 отсто) и Белгија (105,1 отсто).

Најдобар резултат во ЕУ во четвртиот квартал од 2022 година забележа Естонија, каде националниот долг изнесува 18,4 отсто од БДП. На второ место е Бугарија (22,9 отсто), а на трето Луксембург (24,6 отсто), пренесува Независне новине.