Актуелно 21.11.2023 09:45

ЕВЕ КОЈ ДОБИВА НАЈМНОГУ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Имаме и губитници чиј буџет се намалува

ЕВЕ КОЈ ДОБИВА НАЈМНОГУ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Имаме и губитници чиј буџет се намалува

Кој ќе добие најмногу пари од буџетот следната година, или кој во државната администрација ќе има најмногу пари за трошење во текот на 2024 година. Од буџетот за 2024 година изработен од Министерството за финансии, може да се види која институција колку пари ќе има на располагање, а грубиот заклучок е дека секаде има раст на парите, но ова најмногу се должи на најавите за раст на платите во јавниот сектор.

На врвот на листата, од инситуции кои добиваат најмногу пари би било Министерството за финансии, поточно Функции на државата, сектор задлжен за нормално функционирање на сите институции во земјава.

Имено по оваа ставка во буџетот се планирани 72.966.351 илјади денари или 1,2 милијарди евра.

Сепак, самото Министерство за финансии добива само 2.270.763 илјади денари или скоро 37 милиони евра, и кај нив има значително зголемување на планираниот буџет за следната година, од дури 20 милиони евра повеќе.

Министерството за труд и социјална политика има убедливо најголем буџет за следната година, што е вообичаено и очекувано, со оглед дека преку нив се делат пензиите, односно дел од парите одат во Фондот за ПИОМ, но се распределуваат и средствата за разни социјални трансфери, потоа разни мерки за вработување, а се делат и платите на вработените во детските градинки…

За Министерството за труд и социјала се планираат 56.506.668 илјади денари или 919 милиони евра.

По нив следува Министерството за образовение и наука, кои според планот во буџетот добиваат 35.168.613 илјади денари или 572 милини евра.

Меѓу привите пет инситуции со најголем буџет е и Министерството за транаспорт и врски, кое следната година на располагање би имало 18.808.935 илјади денари или 306 милини евра. Сепак, за разлика од плановите за оваа година, Министерството за транспорт би требало да добие помалку пари отколку што се планирале оваа година, кога требало на располагање да имаат 324 милиони евра. Ова е очекувано, со оглед дека преку ова министерство се реализираат капиталните расходи, и со оглед на податокот дека тие ниедна година не се реализираат согласно плановите, па средствата се прераспределуваат во сектори каде „најмногу гори“.

По нив на листата со поголем буџет за следната година е Министерството за одбрана кои ќе имаат на располагање 20.128.460 илјади денари или 327 милиони евра и кај нив има големо големување на буџетот, поради најавите за раст на платите.

Веднаш позади нив е Министерството за внатрешни работи, за кои е предвидено 13.018.187 илјади денари или 212 милиони евра, каде исто така има раст на планираните средства.

Агецијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој е следна на листата според планираните средства за следната години. За нив државата ќе одвои 8.417.995 илјади денари или 136 милиони евра. Но треба да се знае, дека оваа институција следната година добива помалку пари отколку сумата која била планирана за тековната 2023 година.

Владата на Македонија пак за следната година треба да потроши 8.040.143 илјади денари или 131 милион денари.

Министерството за здравство ќе добие 7.655.098 илјади денари или 124 милиони евра на располагање, и кај нив има благо зголемување, бидејќи за оваа година било во план да добијат 112 милиони евра.

Фактор веќе објави дека властите планираат следната години да ги зголемат трошоците. Најголема ставка на страната на расходите на државата се платите за кои се планираат 670 милиони евра, но голема сума е предвидена и за набавка на стоки и услуги и тоа од 411 милиони евра, додека за социјални трансфери 2,6 милијарди евра. ()