Мозаик 31.03.2021 23:08

Еве штo напиша „Билд“ по поразот на Германија од Македонија

Еве штo напиша „Билд“ по поразот на Германија од Македонија

Начинот на кој Македонија ја шокира Германија во Дуисбург, совладувајќи ја со 2-1 во меч од квалификациите за СП 2022, донесе лавина критики на сметка на Јоаким Лев и неговите избраници, а најдалеку во нападите отиде реномираниот „Билд“ кој „панцерите“ ги нарече – смешни.

Германските новинари во суперлативи пишуваат за играта на жолто-црвените, кои маестрално парирале тактички и со борбеност, додека нивните фудбалери ги нападнаа од сите оружја.„Ако играме вака, тогаш подобро е да не одиме на ЕП 2021.

-Ова беше патетична игра на нашите фудбалери. Македонија нѐ посрамоти до коска. Да, добро прoчитавте – Македонија“, пишува меѓу другото во текстот на Билд.

Реномираниот весник потсетува и дека ова е последен меч за селекторот Лев пред ЕП и дека тој си заминува по континенталниот собир, истовремено „пецнувајќи“ го дека можеби е подобро за сите да си замине по вечервашната средба.