Актуелно 19.02.2021 13:46

Еве со каква казна се соочи возачот кој „леташе“ 300 км/ч на автопатот Гостивар- Тетово

Еве со каква казна се соочи возачот кој „леташе“ 300 км/ч на автопатот Гостивар- Тетово

Социјалните мрежи станаа место каде најчесто голем дел од младата популација се „фали“ со прекршоците кои ги прават во јавност. Пред некое време бевме сведоци на видео на „Тик-ток“ на кое тетовецот се пофали дека возел со 300 км на час на автопатот Гостивар-Тетово, а сега истиот е казнет со 400 евра и со одземање на возачката дозвола, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тетовската полиција вчера го открила и го казнила 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило БМВ, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година, се наведува во соопштението од МВР.