Актуелно 01.06.2020 14:44

Еве во кои македонски градови има најмногу заразени: Каде се жариштата на коронавирусот?

Еве во кои македонски градови има најмногу заразени: Каде се жариштата на коронавирусот?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

Скопје – 876, активни 298,  Куманово – 467, активни 55, Дебар – 51, активни 0, Штип – 103, активни 68, Прилеп –212, активни 30, Тетово – 217, активни 83, Струга – 84, активни 13, Велес – 130, активни 27, Битола –28, активни 3, Охрид –23, активни 6.

Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –27, активни 7, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 4, активни 2, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 37, активни 6, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1.

Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -2, активни 1, Виница – 3, активни 1,  Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-2, активни 2.