Економија 04.12.2023 14:22

Европа воведува нови права за патниците

Европа воведува нови права за патниците

Минатата недела, Комисијата на ЕУ усвои серија предлози за зајакнување на правата на патниците во Европа, што беше неопходно по кризата со Ковид и банкротот на туристичката групација Томас Кук.

Новите правила се однесуваат на надоместување на трошоците кога летовите се резервираат преку посредници, што ќе овозможи подобра заштита од откажувања на патувања, подобри информации за доцнење на транспортот или откажување на полетувања. Посебно внимание се посветува на потребите на патниците со попреченост или намалена подвижност за да се одговори на транзицијата помеѓу видовите на транспорт и да се подобри квалитетната помош каде што е потребно.

-Патниците кои патуваат со авион, железница, брод или автобус веќе имаат право на пренасочување, компензација или помош (во зависност од околностите) доколку патувањето е прекинато. Сепак, се уште има недостатоци кои ги спречуваат граѓаните да ги остварат своите права, се вели во соопштението на Европската комисија.

Според новите прописи, најважно е да се воведат правила за патниците на авиокомпаниите кои резервирале лет преку посредник, вклучувајќи и рефундирање. Заштита е обезбедена и за оние кои користат неколку различни начини на превоз за време на нивните патувања. Целта е, пред се, во секое време да бидете добро информирани за продолжувањето на патувањето. Предвидено е сите права од договорот за патување да ги остварат на местото каде што го купиле аранжманот, без разлика што во него има неколку различни превозници.

Во случајот на лицата со попреченост, беа направени неколку промени, така што во случај авиокомпанијата да обврзе патник со хендикеп или лице со намалена подвижност да патува со некого затоа што на патникот му е потребна помош за да се усогласат со барањата за воздухопловна безбедност (на пр. безбедносен појас), авиопревозникот ќе биде должен да го превезе придружното лице без надомест.

Ова право веќе постои кога се патува со железница, брод или автобус. За патниците кои имаат аранжман, предложените измени ќе обезбедат посилни и појасни права за патниците и ќе ги разјаснат обврските и одговорностите на организаторите на патувањето.

()