Актуелно 09.11.2018 11:48

Европска Комисија: Јавниот долг ќе расте, закрепнувањето на македонската економијата ќе се одвива со послабо темпо од предвиденото

Европска Комисија: Јавниот долг ќе расте, закрепнувањето на македонската  економијата ќе се одвива со послабо темпо од предвиденото

Во есенскиот   економски  извештај на Европската Комисија пишува дека економското закрепнување на државата главно ќе зависи од инвестициските активности на земјава.

Имено, во извештајот  пишува дека растот генерално се базирал на извозот во првата половина на годината. Како што се вели во извештајот закрепнување на економијата се очекува дури во 2019 и 2020 година но со послабо темпо и интензитет од што било планирано претходно. Ова значи дека оптимистилките прогнози за раст на македонската економија се намалени.

Понатаму, во извештајот се вели дека јавниот долг е планирано да продолжи да расте.

Во извештајот јасно пишува дека досегашниот раст се базира на извозот на странските компании односно страските инвестиции кои учествувале со скоро 53 % во целокупниот извоз од државата.

Исто така се спомнува дека Македонија ќе се соочи со зголемување на долгот и преку границата која си ја постави Владата.