Економија 13.12.2018 17:54

Европската банка за обнова и развој повеќе нема да финансира проекти за јаглен

Европската банка за обнова и развој повеќе нема да финансира проекти за јаглен

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе престане да ги финансира проектите за јаглен и речиси сите проекти за гориво. Ова е дел од глобалниот напор на државните банки за развој да го намалат својот удел во климатските промени.

Банката веќе ги стави обновливите извори на енергија и „зелената економија“ како приоритет, но со овој потег ќе се елиминираат исклучоците како Монголија, Полска и Казахстан кои искористуваат јаглен за повеќе од 70 отсто од домашното производство на енергија.

„Со декарбонизацијата на енергијата се бара преминување од најзагадувачките горива“, вели Нандита Паршад, директорка за енергија и природни извори во ЕБОР.

Новата стратегија поставува насока за инвестирањата на банката во наредните пет години.