Банкарство 11.09.2023 13:00

Европската централна банка за прв пат по 13 години ја намали понудата на пари во еврозоната

Европската централна банка за прв пат по 13 години ја намали понудата на пари во еврозоната

Европската централна банка ја намали понудата на пари во еврозоната за прв пат по 13 години, бидејќи кредитирањето на приватниот сектор стагнира, а депозитите се намалија.

Банкарските заеми за приватниот сектор паднаа во јули за 6 отсто на годишна основа, што е најниско ниво од 2016 година, додека кредитите на државите паднаа за 7 отсто, што е најголем пад од 2007 година.

Економистите предупредуваат дека овие податоци покажуваат натамошен пад на економијата на еврозоната.

-Бидејќи понудата на пари е помала, кредитите веројатно ќе поскапат уште повеќе. Ова ќе им го отежне инвестирањето на компаниите во Европа, но и на земјите, бидејќи кредитите се поскапи. Исто така, ако инвестициите се помали, ќе биде потешко да се натпреварува со другите делови од светот, вели Филип Лаусберг, аналитичар во Центарот за европска политика.