Се чини дека Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6.
Со стандардот Еуро 7 за нови возила, планот на Европската комисија беше дополнително да се ограничат емисиите. Имплементацијата требаше да се реализира во 2025 година, а до 2035 година Еуро 7 да ги намали вкупните емисии од автомобилите и комбињата за 35 отсто во споредба со стандардот Еуро 6 и за 56 проценти во споредба со стандардот Еуро 6 за автобуси и камиони.
Истовремено, честичките од издувните цевки на автомобилите и комбињата би се намалиле за 13 отсто, а од автобусите и камионите за 39 проценти, додека честичките од сопирачките на автомобилите би се намалиле за 27 отсто.
Сега, се чини, Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуо 6.
Нема да има промена во издувните гасови, но од друга страна, се чини дека купувачите на поекономични автомобили не треба да се грижат. Имено, со претходно најавениот Euro 7 стандард, автомобилите како Dacia Sandero, VW Polo и Renault Clio би биле поскапи и до 5.000 евра (поради новите технологии).
Растот на цените сега е спречен, но по цена на повисоки емисии на штетни гасови и фини честички.
Autocar исто така известува дека 2,9-литарскиот V6 мотор на Alfa Romeo, кој ги придвижува верзиите Quadrifoglio на Giulia и Stelvio, ќе опстане поради новите релаксирани регулативи, со 510 КС. Очекувајте низа слични најави од други автопроизводители деновиве.