Економија 10.09.2024 11:10

Европската унија има потреба од инвестиции до 800 милијарди евра годишно за да парира со САД и Кина

Европската унија има потреба од инвестиции до 800 милијарди евра годишно за да парира со САД и Кина

На Европската унија и се потребни инвестиции во опсег од 750 до 800 милијарди евра годишно за да може економски да се натпреварува со Соединетите Американски Држави и Кина, изјави денеска поранешниот шеф на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.

Оваа сума е пропорционално поголема од сумата што Европа ја доби според Маршаловио план за обнова на континентот по Втората светска војна. Марио Драги во својот извештај истакна и дека на Европската унија и е потребна поголема координација на индустриската политика и побрз систем на одлучување, пренесува „Ројтерс“.

Неговиот извештај предупредува на проблеми како што се различните нивоа на субвенции меѓу земјите од Европската унија кои му штетат на единствениот пазар, како и сложениот и бавен процес на донесување одлуки на ниво на ЕУ.

Европската унија ќе мора повторно да се фокусира на клучните прашања и да обезбеди ефективна поитич координација на заедничките цели, според Драги. Според него, доколку некои земји-членки на ЕУ сакаат да се „движат“ побрзо од другите, треба да им се дозволи тоа.

Марио Драги, исто така, изјави дека Европа има проблеми со високите цени на енергијата, откако веќе нема достапен евтин руски гас.

Европската унија треба да го зголеми бројот на иновации, да ги намали цените на енергијата, како и истовремено да ја зајакне својата воена индустрија и да ја намали зависноста од другите земји, особено од Кина, додаде Драги во извештајот.