Живот 26.10.2018 19:24

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Италија ги нарушила правата на мафијашкиот бос Провенцано

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Италија ги нарушила правата на мафијашкиот бос Провенцано

Италија ги нарушила правата на познатиот мафијашки бос Бернардо Провенцано со тоа што бил затворен во многу строг затворски режим, во месеците пред да почине, утврди Европскиот суд за човекови права, пренесе МИА.

Италија ги нарушила правата на познатиот мафијашки бос Бернардо Провенцано со тоа што бил затворен во многу строг затворски режим, во месеците пред да почине, утврди Европскиот суд за човекови права. Провенцано почина во затворското крило на болница во Милано пред две години на 83-годишна возраст, откако со години неговото здравје се
влошувало. Тој беше уапсен во 2006 година по 43-годишно бегство и беше осуден на доживотен затвор за неколку дела, меѓу кои и за масовно убиство,
трговија со дрога и киднапирања.
Провенцано бил ставен во специјален затворски режим, кој имал за цел да ги спречи мафијашки босови да продолжат да организираат криминални дела од затвор. Посетите за овие криминалци биле ограничени, а имало и ограничување во нивните активности и купувањето
храна за нив. Европскиот суд за човекови права соопшти дека со затворските услови не биле нарушени правата на Провенцано и оти тој добивал стручна медицинска нега. Но неговото оставање во строг затворски режим и во месеците пред смртта, кога неговата состојба секој ден се влошувала, претставувало нарушување на неговото право да не стане објект на нехуман и деградирачки однос. Судот одби да пресуди да му се плати отштета на синот на Провенцано, кој ја поднесе тужбата.