Актуелно 20.08.2018 15:52

Евтин MacBook излегува во октомври

Евтин MacBook излегува во октомври

Според „DigiTimes“, повикувајќи се со изворите во синџирот на снабдување на „Apple“, производителот се подготвува за неодамнешното издавање на новиот „буџетски“, „MacBook“.

Каков ќе биде тој?

За производство на новиот ноутбукот на „Apple“ е ангажирана тајванската компанија „Quanta Computer“. Според изворот на информациите во четвртиот квартал од 2018-та година, испораките на производителот ќе се зголемат на 10 милиони единици. Ова е неколку пати повеќе отколку во други периоди. Оваа активност е поврзана со претставувањето на новиот модел и неговата масовна испорака во октомври – по големата најава на новите телефони во септември.

Новиот „MacBook“ се очекува да го замени сегашниот најевтин „MacBook Air“ од 2015-та година. Уредот најверојатно ќе добие 13-инчен „Retina-Display“, осмата генерација на процесорот „Intel Core“ со „Kaby Lake Refresh“ и ќе чини околу 1.000 долари.