Социјалната мрежа Facebook соопшти дека води преговори за продлабочување на односите со банките и финансиските институции. Според компанијата, ова може да им помогне на компаниите да ја подобрат нивната поддршка за корисниците, објави „Ројтерс“.
Социјалната мрежа тврди дека корисниците на финансиски компании, како „PayPal“, „Citibank“ и „American Express“ можат да контактираат за своите финансиски сметки со апликацијата „Messenger“ и да разговараат со претставници на Одделот за поддршка на клиенти.
„Wall Street Journal“ објави дека „Facebook“ побарал од банките да ги споделат деталните финансиски информации за нивните клиенти, вклучувајќи трансакции со картички и проверка на балансот на нивните сметки.
Портпаролката на „Facebook“ изјави дека компанијата може да види некаква финансиска информација од такви корисници, ако тие се одлучат за слична опција, но не ја користи за да се „рекламира или за нешто друго“.
„Не ги користиме овие информации за нешто отаде одржувањето на таков тип искуства“, коментира „Facebook“ во соопштението. „Критичен дел од овие партнерства е поврзано со заштитата на оваа информација“.
„WSJ“ посочува во статијата дека во последната година „Facebook“ се обратила кон „JPMorgan Chase“, „Wells Fargo & Co“, „Citigroup“ и „U.S. Bancorp“ за да разговараат за потенцијалните понуди кои можат да им се обезбедат на корисниците на банката преку „Facebook Messenger“.
„Идејата е дека пишувањето пораки со банката може да биде подобро од чекањето на телефон“, вели компанијата.