Актуелно 26.07.2024 08:53

Фајнанс тинк за ребалансот на буџетот: Реалистично макроекономско проектирање

Фајнанс тинк за ребалансот на буџетот: Реалистично макроекономско проектирање

Oдлуката макроекономските проекции врз кои се темели проекцијата за буџетските приходи да се постават на разумно ниво, согласно на расположливите информации во моментот на проектирањето, е соодветна, се вели во анализата која Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк ја направи за ребалансот на буџетот со поддршка на Меѓун буџетско партнерство.

Владата го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Македонија за 2024 година го дава следниот став во однос на ребалансот на буџетот.

„Во претходните две децении, а изразено од почетокот на 2010-та, при проектирањето на буџетот во октомври-ноември во тековната за идната година, макроекономските проекции се поставуваа на повисоко ниво, со цел да може да се проектираат повисоки буџетски приходи и, оттука, да се прикаже помал буџетски дефицит. Затоа, со секој ребаланс на буџетот во текот на годината, најчесто се вшш кратење на буџетските приходи поради нивно прекумерно проектирање, проследено со најчесто кратење на капиталните инвестиции, а со цел задржување на проектираниот буџетски дефицит во првично-планираните рамки, ако не и негово зголемување. Со сегашниот ребаланс на Буџетот забележуваме реалистично макроекономско проектирање, и ја поддржуваме оваа структурна промена.

Проекцијата за буџетските приходи со ребалансот е во линија со економските движења кај важните економски агрегати. Во делот на даночната политика, елаборацијата е преземена од онесвает на уео во декември 2023 година, и истата не е порамнета со рамката предвидена во политичката програма на партијата која сочинува мнозинство во Владата. Очекуваме дека во овој сегмент, врз основа на поширок јавен дијалог со засегнатите страни, структурни прилагодувања ќе настанат при проектирањето на Буџетот 2025 подоцна во текот на оваа година.

Она што најмногу загрижува во предложениот ребаланс на Буџетот е секако расходната страна. Со ребалансот се предвидува дека вкупните расходи ќе се зголемат за 19,2 милијарди денари споредено со оснвниот буџетски па за 2024 година. Со тоа, буџетскиот дефицит забележува драматичен раст, од првично проектираните 3,4% на 4,9% од БДП. Фајнанс тинк (Finance Think) изразува загриженост дека ваквото проширување на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација, која иако беше недоволна, отпочна по пандемиската 2020 година.

Сепак, проширувањето на буџетскиот дефицит не е и не смее да се третира како изненадување. Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно зачиелн проширување а фискалниот простор, што сега се огледува во 44% – но зголемување на буџетскиот дефицит (ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 од 27 април 2024). Во одредена мера, проширувањето е резултат на централното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември 2024, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025. Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и прсечната плата, и та го рииск новопроектираниот продлабочен дефицит.

Проширувањето на фискалниот дефицит е резултат и на две други тенденции. Првата се однесува на истрошеноста на буџетот заклучно со јуни 2024: на пример, буџетскиот дефицит заклучно со јуни 2024 е потрошен во износ од 71%, што е значајно несразмерно со периодот за кој се однесува. Покрај политичката димензија, истрошеноста на буџетскиот простор е тесно поврзана и со повеќеслојната економска криза од претходните години.

Втората тенденција е неможноста, или недоволното време, да се конслидира и рацоналзира расходната сран, а во услови на претходно-преземени законски обврски кои сега имаат или ќе имаат фискална реализација. Сепак, разбирливо е дека за значајно консолидирање на расходните ставки, подалеку од ставката стоки и услуги и традиционалната дебата за користење возила, ручеци, мебел и хонорарно вработување партиски членови, е неопходно одредено време. Finance Think очекува вакви потези, базирани на поширока дебата, да станат видливи пи проектирањето на Буџетот 2025 година, покрај ка ставката стоки и услуги, и во други релевантни ставки како разните видови субвенции, трансфеи итн.

Со ваквата поставеност на основниот Буџет и со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува. Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период.

Дополнително, иако среднорочното буџетско планирање е една од предвидените алатки која ќе го унапреди планирањето и ќе избегне ризици о неземање педвд расходи кои следат во следните фискални години, неговата имплементација е само на хартија.

Во однос на финнсирањето на буџетскиот дефицит, важно прашање е обезбедувањето на средствата и предлогот на новата влада да обезбеди билатерален заем од Унгарската влада во износ од 500 милиони евра со период на враќање од 15 години со вклучен тригодишен грејс период и каматна стапка од 3,25%. Јавната дебата континуирано го превиде фактот дека финансирањето на буџетскиот дефицит со основниот Буџет беше предвидено преку издаање еврообврзница, без пецифиација на нјзинит износ и периодот на позајмување. Позајмување од билатерален партнер, а занемарувајќи ја евентуалната олитичка компонента, по поповолни услови од моментално пазарните, се чини конструктивен чекор, иако каматна стапка на било кое позајмување моментално е повисока од остварувањето на економскиот раст во земјава. Клучното прашање е искористувањето на овие средства во развојни цели и тоа за: 1) инвестициски проекти на компаниите кои допрва ќе се реализираат (односно овие средства да поттикнат инвестициски циклус наместо д додаваат срества на веќ направена ивестициј како што прави Законот за финансиска поддршка на инвестициите); и 2) нови капитални проект на општините, наместо за покривање на веќе настанати долгови од нерационално управување со локалните јавни финансии.

Сепак, и покрај ваквиот контекст на билатералниот заем, обемот на потребно финансирање се зголемува како последица на значајното зголемување на фискалниот дефицит. За таа намена се предвидува и поголемо задолжување на домашниот пазар преку издавање државни хартии од вредност. Иако ликвидноста на омашнит банкарски сисем е оодветн на мароекономскте услови, сепак проширувањето на фискалниот дефицит во дел финансирано и од домашната лквидност, крие дополнителен ризик од тоа фискалната експанзија да влијае каматните стапки во економијата да не може да се симнат во разумен период, а кој веќе отпочна во повеќе економии во Европа и светот“, се вели во анализата на Фајнанс тинк.