Италијанскиот производител на спортски автомобили „Ferrari NV“ објави добивка за третиот квартал, кој не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите, пишува „Bloomberg“.
Приспособена профит пред камати, даноци, депресијација и амортизација остана под средната оценка на пазарите од 282 милиони евра (321 милиони долари) со 1,5 отсто. Пријавената заработка изнесува 278 милиони евра.
Новиот извршен директор на компанијата Луис Камилери инсистира за пласирање на пазарот на повеќе лимитирани серии со кои ќе се стимулираат профитните маржи во следните пет години.
Претходно во текот на годината од „Ferrari“ избраа 499 од своите лојални клиенти, обезбедувајќи им шанса да го купат новиот супер автомобил „Ferrari Monza SP 1“ за 1,6 милиони евра.
Во меѓувреме новото портфолио на компанијата помогна да се компензира намалувањето на моделот „LaFerrari Aperta“ со зголемување на профитот до 33 отсто.
Акциите на концернот поевтинија за 2,6% до 101,35 евра за акција по веста. Негативниот тренд при падот на вредноста на акцијата започна со назначувањето на Камилери, кој го замени починатиот извршен директор Серџо Маркионе.
Во септември стана јасно дека „Ferrari“ планира да пушти на пазарот 15 нови хибридни возила во рамките на планот двојно ги зголеми своите приходи до 2022-ра година.
Производителот на суперавтомобили си постави за цел да постигне приходи од 2,1-2,3 милијарди долари до 2022-ра година, наместо 2 милијарди долари, претходно објавени од Маркионе.
Ненадејната смрт на Маркионе во јули ги потресе инвеститорите кои очекуваа едно од најголемите имиња во автомобилската индустрија да остане на чело на компанијата до 2021-ва година.