-Не е вистина дека причина за измените на проектот за градба на “Космос” и подигањето на објектот за 1.43 метри, се подземни води на плацот, категоричен е техничкиот советник од областа на геодезијата, Роска Паческа. Таа тврди дека пред да почне изградбата на објектот “Космос” извршени се сите геомеханички испитувања на теренот и не биле утврдени подземни води.
-Испитувањата се нарачани во 2009 година, и тоа од самиот инвеститор – “ФИНЕ”. Така да беспредметно е нивното тврдење за наводно постоење на подземни води, рече Паческа.