Банкарство 29.01.2024 11:02

Филијалата Прилеп на Комерцијална банка реновирана и модернизирана со дигитална зона 24/7

Филијалата Прилеп на Комерцијална банка реновирана и модернизирана со дигитална зона 24/7

Клиентите на Комерцијална банка од Прилеп имаат можност своите финансиски потреби да ги реализираат независно од работното време на шалтерите. Филијалата во овој град е реновирана и модернизирана со дигитална зона 24/7.

Новата дигитална зона 24/7 е опремена со современи уреди за брзи финансиски трансакции без шалтер. Има два современи банкомати. Притоа, едниот овозможува и уплата и повлекување готовина.

Исто така, клиентите можат да го користат и дигиталниот киоск за плаќање на сметките за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел). Сето тоа без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На овој киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице, за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.

Шалтерите во филијала Прилеп остануваат со истото редовно работно време – од 8 до 16 часот од понеделник до петок, и од 9 до 12 часот во сабота. За клиентите на Банката обезбедуваат низа услуги – отворање денарска и девизна платежна сметка, аплицирање и издавање дебитни картички, готовинско и безготовинско плаќање во земјата за физички и правни лица, брз трансфер на пари, менувачко работење, кредитни производи, штедни влогови, купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси.

На шалтерите можат да се добијат совети и обука за користење електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица, но и стручни и корисни информации од вработените за избор на најсоодветно финансиско решение. ()