Актуелно 14.02.2019 12:23

Филипче ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајка

Филипче ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајка

Министерот за здравство утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа

Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово.

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

-Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството за здравство.

Најнови вести