Пред новогодишните празници министерот за здравство, Венко Филипче, вети дека на сите здравствени работници ќе им ги зголеми платите. На лекарите 10%, додека на медицинските сестри првично беше 5%, но потоа го покачи процентот на 8 отсто.
Но вчера се случи невиденс кандал, од кој сите вработени по болниците се побунија низ државата. Покачување имаат добиено само вработените во Клинички центар.
Од вработените на Клинички, лекарите добија 10% покачување на основната плата, а медицинските сестри 8%.
Покачување на плата нема за вработените од другите установи низ државата, но за тоа не се произнесе министерството за здравство ни самиот министер, да одговорат на прашањата на лекарите и другите здравствени работници зошто немаат покачување на платите, а им следуваат.
Дали министерството за здравство врши делумно покачување на платите, не комплетно покачување како што ветија пред новогодишните празници?
Со овој чин полека но сигурно, Филипче ја урива довербата кај вработените по другите здравствени установи и ја зголемува револтираноста и незадоволството кое ќе се изрази преку протести или пострашното отселување од државата, со што ќе се одлее кадарот во другите европски земји по потрага за подобра плата и подобри услови за работа.