Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43.000 хронично болни граѓани. Сега го утврдуваме бројот на децата и начинот на кој би им ги поделиле маските, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.