Актуелно 04.12.2018 15:08

Филипче на хронично болните ќе им дели маски за заштита од загадувањето

Филипче на хронично болните ќе им дели маски за заштита од загадувањето

Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43.000 хронично болни граѓани. Сега го утврдуваме бројот на децата и начинот на кој би им ги поделиле маските, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.