Живот 27.03.2021 21:02

Филипче со порака до сите кои се вакцинираа во Србија

Филипче со порака до сите кои се вакцинираа во Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче во денешното гостување на Сител изјави дека граѓаните кои се вакцинирале во Србија, ќе можат втората доза да ја примат во Македонија.

„Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали можеме да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во нашиот систем. Доколку не, ние веќе попладнево разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт вакцинација за тие граѓани да можат да се пријават. Тие сигурно добиле термини за ревакцинација, но доколку некој не може, доколку некој тоа сака овде да продолжи, ние да го испланираме тоа во нашиот систем“, рече Филипче.

Викендов голем број Македонци заминаа во Србија, каде имаа шанса да се вакцинираат со вакцината на АстраЗенека.