Банкарство 10.01.2019 20:31

Финансиските институции на ЕУ сакаат регулирање на криптовалутите

Финансиските институции на ЕУ сакаат регулирање на криптовалутите

Два од главните финансиски регулатори на Европската унија повикаа за создавање на општи правила за криптовалтутите и постапките за примарна понуда на дигиталните средства (ICO).

Европскиот банкарски орган (ЕБО) инсистира Европската комисија да испита дали се потребни унифицирани правила за криптовалутите на европско ниво, пренесува „CoinDesk“.

„ЕБО“ вели дека виртуелните валути и средства не спаѓаат под ниту една постојна финансиска регулатива на ЕУ, иако овие средства се „high-end“. Според агенцијата, потребни се правила за заштита на инвеститорите.

Адам Фаркас, извршен директор на „ЕБО“, вели во изјава дека предупредувањата на агенцијата за виртуелните валути кон корисниците и институциите остануваат валидни.

„„ЕБО“ ја повикува Европската комисија да процени дали се потребни регулаторни мерки за да се постигне заеднички пристап на ЕУ кон крипто-активностите. „ЕБО“ продолжува да ги следи случувањата на пазарот во смисла на внимателност и на потрошувачите“, рече тој.

„ЕБО“ ја советува ЕК да ги земе предвид препораките на работната група за финансиска акција – меѓувладината организација која се бореше со перењето на пари во светот, упатени во јуни минатата година.

Се очекува организацијата да објави дополнителни и конкретни препораки за тоа како треба да изгледа меѓународната регулација на процедурите за криптовалутите и „ICO“.

Во меѓувреме, „ЕБО“ покажа дека оваа година ќе преземе бројни чекори за следење на крипто-индустријата.

Втор финансиски регулатор на ЕУ, исто така, изрази повик за наметнување на правила за криптовалутите.

Европскиот орган за хартии од вредност и пазари и препорачува на ЕК постојни правила, кои можат да се однесат кон виртуелните валути и „ICO“ процедурите, како и кон идните мерки кои треба да бидат разгледани од законотворците во ЕУ.

Според регулаторот, некои криптовалути може да паднат под дефиницијата на Заедницата за финансиски инструмент, додека кај други треба да се разгледаат варинати за регулација.