Актуелно 27.12.2018 10:47

Фирми на функционери и натаму аплицираат за државни пари, од Фондот велат дека проектите допрва ќе се обработувале

Фирми на функционери и натаму аплицираат за државни пари, од Фондот велат дека проектите допрва ќе се обработувале

Функционерски фирми повторно аплицирале со проекти до Фондот за иновации за да добијат државни пари. И во новиот втор по ред пакет за поддршка на инвестициите има пријавено фирми со проблематична сопственичка структура. Станува збор за 2 или 3 фирми кои поднеле апликации. Првиот човек на Фондот за иновации рече дека пари за овие фирми не биле одобрени, туку тие ќе бидат предмет на натамошна обработка.

Фондот за иновации работи на системско решение за да се елиминира конфликтот на интереси при доделување на финансиска помош за фирмите.

Досегашните резултати покажуваат придвижување на домашната економија, но и дека компаниите се подготвени да вложат и свои средства во иновации и технолошки развој. Како што рече Деспотовски, само во вториот бран компаниите во просек вложиле речиси иста сума сопствени средства како и државата, рече Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Иако владата преку планот за економски развој предвиде 50 милиони евра за 250 фирми, сега ќе им исплати само 35 милиони евра. Сите средства се искористени и ќе бидат исплатени на компаниите.

  • Поттикнуваме зголемена продуктивност и конкурентност на македонските компании, со кои ќе се поттикне раст на извозот, на стапки од над 60% во учество на БДП, а со тоа ќе поттикнеме и побрз и одржлив економски раст, нагласи Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека во наредните денови во целост ќе бидат исплатени средствата за поддршка на компаниите преку првиот и вториот столб од Планот за економски раст, коишто реализирале инвестиции во 2017 година и коишто поднеле барање за исплата на финансиска поддршка.

Од Фондот за иновации велат дека 65-те компании чии проекти се промовираа денеска добиле грантови за кофинансирање проекти од вториот инвестициски бран, во рамки на првиот повик од столб 3 од Планот за економски раст.

 

Извор: Алфа