Актуелно 12.07.2018 15:49

Фирмите на Вице Заев должници на државата

Фирмите на Вице Заев должници на државата

Излезе новата листа на должници која ја објавува УЈП. Во неа се најдоа голем број на бизнисмени кои и должат пари на државата.
На оваа листа се долгови кои се доспеани до крајот на март. Фирмите должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, но и за придонеси.
Имено, на оваа листа се најде и фирмата Дравас Инженеринг на која е во сопственост на братот на Зоран Заев – Вице Заев.
Дравас Инженеринг и должи моментално на државата 19.178. 108 денари. Инаку, во претходната листа на должници вкупно фирмите на Вице Заев должеа 25 милиони денари.
Симптоматично е како фирмите на Заеви од како дојдоа на власт почнаа нагло да им се намалуваат долговите спрема државата.

Фирмите на Заеви во јавноста се познати по многу скандали а посебно по тоа што милионски суми им биле исплатувани на овие фирми од тендери додека актуелниот премиер на државата Зоран Заев беше градоначалник на општина Струмица. Голем број на документи се појавија во јавноста кои јасно укажуваат дека фирмите на Заеви добивале огромни суми од јавни набавки, пишува Лидер.
Исто така скандалот познат како „Едно евро за црквата едно евро за Вицето“ каде актуелниот премиер се терети за поткуп е еден од многуте кои ги тресат фирмите на Заеви. Нај актуелен е оној кој пред неколку дена го објави опозициската ВМРО – ДПМЕ во кој се открива дека камиони на братот на Зоран Заев , Вице Заев возеле за РЕК Битола . Опозицијата открива криминал кој е во спрега со државата во која повеќе од јасно е дека фамилијата Заеви ги користат високите државни функции за сопствено богатење.