Актуелно 04.03.2020 11:13

ФОТО: Делегација од Македонија брка инвестиции на откажан саем во Женева

ФОТО: Делегација од Македонија брка инвестиции на откажан саем во Женева

Тричлена делегација од Македонија наводно е во потрага по странски инвестиции во Женева. Делегацијата од Дирекцијта за технолошко индустриски развојни зони, ДТИРЗ, веќе два дена на државна сметка ужива на саем кој е откажан.

На непостоечкиот саем во Женева се генералниот директор, раководителот на секторот на државна помош и лице ангажирано со договор на дело, инаку кум на братот на генералниот директор.

Организаторите на Саемот за автомобили, по 79 години од одржувањето, годинава првпат го откажаа саемот поради коронавирусот.

Голем број други јавни настани низ Швајцарија исто така беа откажани откако бројот на случаи на инфекција со коронавирус во земјата се зголеми.