Ивана Николиќ, член на популарната музичка група „Hurricane“, која годинава ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ во Ротердам, не крие дека го постигнала посакуваниот изглед со помош на пластична хирургија.
-Јас сум Овен во хороскоп и сакам сè да биде совршено, изјави неодамна Николиќ.
-Еве, ги поправав носот и устата, додаде пејачката во таа прилика, нагласувајќи дека сега е целосно задоволна од тоа како изгледа.
Ивана еднаш сподели својата стара слика, која покажува како изгледала пред осум години. Од оваа фотографија, ретко кој верува дека имала “само“ две естетски операции.