Новите дупки кои што се појавија по земјотресите во Хрватска се поголеми и претставуваат опасност за граѓаните.
Новиот земјотрес со јачина од 3 степени кој се случи вчера, дополнително активира многу свлечишта во Банија, а дупките што се создадоа во земјата стануваат сè поголеми. Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на овие дупки досега не им била позната на сеизмолозите.

„Нема пишани траги, дури ни усни сознанија на нашите постари сеизмолози. Ова е нешто ново за нас“, потенцира Кук.