Актуелно 14.01.2019 15:49

ФОТО: Граѓаните се гушат, а власта молчи

ФОТО: Граѓаните се гушат, а власта молчи

По снегот граѓаните се соочија пак со загадениот воздух.

Денес граѓаните се гушат во енормно загаден воздух. Имено до 11 часот во Струмица е измерено 315 mg/m3 на ПМ10 честички во воздухот од дозволена количина на 50 mg/m3. Во Кичево е измерено неверојатни 230 mg/m3, додека пак во Општина Центар 215 mg/m3.

Граѓаните во Битола дишат и тие загаден воздух со што денес измерени се 209 mg/m3, а во Гостивар 205 mg/m3.

Зимата ќе помине, а институциите се уште си префрлаат вина.